Достапни линкови

Еден загинат во вештачки предизвикана лавина во Русија


Најмалку еден човек загина во намерно предизвикана лавина во рускиот град Кировск во Мурманската Област. Лавината исто така оштетила згради, дрвја и автомобили. Руската новинска агенција РИА Новости објави дека загинатиот бил вработен во подрачната единица на Министерството за вонредни состојби и бил дел од тимот што ја предизвикал лавината. Локалните медиуми јавија дека во градот немало никакво предупредување дека ќе биде активирана лавина. Надлежните редовно користат експлозив да предизвикаат лавини, за да се спречи натрупување на поголеми количини снег кои може да предизвика поголеми свлекувања.

XS
SM
MD
LG