Достапни линкови

Втор ден разговори за останување на Велика Британија во ЕУ


Средба на британскиот премиер Дејвид Камерон со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Средба на британскиот премиер Дејвид Камерон со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

Европските лидери втор ден одржуваат интензивни разговори во Брисел во обид да постигнат договор што ќе ја задржи Велика Британија во Унијата. Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска рече дека бил постигнат одреден напредок, но оти „сè уште нема договор“. Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел изрази надеж дека договор може да се постигне до крајот на денов. Камерон бара реформи во ЕУ, кои ќе им овозможат поголема моќ на одлучување на земјите членки, за да може да работи на останувањето на неговата земја во Унијата на референдумот што треба да се одржи догодина. На Самитот се разговара и за мигрантската криза.

XS
SM
MD
LG