Достапни линкови

Турската полиција приведе 17 луѓе за нападот во Анкара


Турската полиција приведе 17 лица, осомничени во врска со нападот извршен во средата вечерта во Анкара, во кој загинаа 28 лица, а истрагата е речиси завршена, изјави денеска главниот обвинител на Анкара Харун Кодалак. Приведените, чии имиња не се соопштуваат, се уапсени во седум окрузи на земјата и полицијата трага по уште еден осомничен.

Помалку од 24 часа по нападот, претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу изјавија дека тој е испланиран од Курдската работничка партија и сириската прокурдска партија „Демократски сојуз“.

XS
SM
MD
LG