Достапни линкови

Избирачко право и за Албанците од дијаспората


Албанскиот Парламент изгласа избирачко право да имаат и граѓаните на таа земја кои живеат во странство, што би можело да биде речиси половина од идното избирачко тело, јавува Танјуг.

Вкупно 73 пратеници беа „за“, а 23 „против“ мерката која им овозможува на емигрантите да се пријават во албанската амбасада во земјата на живеење и да можат да гласаат на изборите планирани за следната година.

Во Албанија право на глас имаат нешто повеќе од три милиони луѓе. Од падот на комунистичкиот режим во 1990 година, повеќе од 1,5 Албанци се раселиле ширум светот, мнозинството во Грција и Италија, но и во Германија, Франција, Велика Британија, САД и Канада.

XS
SM
MD
LG