Достапни линкови

Повеќе од 20 илјади луѓе евакуирани од супермаркети во Москва


Илустрација

Илустрација

Повеќе од 20 илјади луѓе се евакуирани од продавниците на ланецот супермаркети Аучан во Москва, по неколку закани за поставени бомби. Руските медиуми доцна синоќа објавија дека пет продавници биле мета на бомбашки напади и биле евакуирани, но оти не биле пронајдени бомби. Евакуацијата потоа се проширила на сите 12 продавници на Аучан во Москва и во предградијата, како и во трговскиот центар ГУМ во близина на Кремљ и во трговскиот центар ТсУМ во центарот на градот. Руските медиуми, повикувајќи се на надлежните, објавија дека биле евакуирани над 22 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG