Достапни линкови

logo-print

Повторно фрлен солзавец во косовскиот Парламент


Седницата на косовскиот Парламент е прекината денеска, набрзо откако почна, бидејќи опозицијата фрли солзавец, јави Танјуг. На седницата се обратил претседателот на „Самоопределување“ Висар Имери, по што опозицијата активирала солзавец. Пред почетокот на седницата околу зградата на Собранието на Косово се распоредени сили на специјалната косовска полицијата. Пред собранието околу 10 часот се собраа приврзаници на опозицијата, кои се противат на одржувањето на седницата и кои веќе шест месеци ја оневозможуваат работата на Парламентот барајќи распишување вонредни избори и поништување на договорот за Заедница на српски општини и демаркација на граничната линија со Црна Гора. Движењето Самоопределување и претходно фрлаше солзавец во Парламентот.

XS
SM
MD
LG