Достапни линкови

logo-print

Вимпелком ќе плати 795 милиони долари за скандал со поткуп


Вимпелком, телекомуникациска компанија со седиште во Амстердам, Холандија која е една од најголемите мобилни провајдери во Русија соопшти дека се согласила да исплати 795 милиони долари за да се реши од истрагата за поткуп во Узбекистан. Истрагата ја спроведуваат истражители од Соединетите држави и Холандија. Одделот за правда на САД соопшти дека Вимпелком признал оти давал поткуп на официјални претставници на Узбекистан за добивање дозволи. Истото беше потврдено и од самата компанија. Извршниот директор на Вимпелком, Жан Ив Шарлие оцени дека станува збор за „неприфатлив престап за кој длабоко жали“.

XS
SM
MD
LG