Достапни линкови

Бан Ки Мун предупреди на ескалацијата во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун предупреди дека ескалацијата на воените активности во Сирија е закана за напорите за воспоставување примирје и за обнова на мировните преговори. Тој вчера поднесе прв извештај до Советот за безбедност околу спроведувањето на резолуцијата која предвидува мировен план за Сирија. Оваа резолуција ја поддржаа 17 земји од различните страни во сирискиот конфликт. Истите овие земји на 12 февруари се согласија на запирање на непријателствата во Сирија што треба да стартува на 19 февруари.

XS
SM
MD
LG