Достапни линкови

logo-print

ЕУ и Турција во март ќе одржат самит за мигрантите


претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Европската унија и Турција во почетокот на март ќе одржат специјален самит посветен на спроведувањето на договорот за мигрантската криза. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Лидерите на Унијата на состанокот во Брисел едногласно се спротивставија на секакви „еднострани акции“ од земјите членки. Претходно Австрија соопшти дека ќе одреди дневна квота на баратели на азил. „Се согласивме дека нашиот заеднички акционен план со Турција останува приоритет и ние мораме да направиме се што можеме за тој да успее“, изјави Туск на прес конференцијата по првиот ден од самитот во Брисел.

XS
SM
MD
LG