Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови локално се уште ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава, а преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, само во крајните југозападни делови на земјава повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 14 до 20 степени. Во Скопје во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

XS
SM
MD
LG