Достапни линкови

Ванхауте скептичен, преговорите продолжуваат


Белгискиот експерт Питер Ванхауте се сомнева дека ќе има разврска и во вечерашнава рунда на преговори, но не се откажува од можност за решение.Тој изјави дека не е сигурен дека ќе има било каква разврска, додавајќи дека Работната група ќе го даде максимумот за да се доближат различните позиции.

-Главниот проблем е околу составот на советот на Агецијата за медиуми, се обидуваме да најдеме добри решенија за да бидат навистина независни, бидејќи тоа е многу важно за сите и за да може да функционира правилно, изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Во Клубот на пратениците преговорите за реформи во медиумите што започнаа попладне продолжија по паузата и внатрепартиските консултации.

XS
SM
MD
LG