Достапни линкови

Ванхауте-Преговорите блокирани,партиите се консултираат


Нема напредок во преговорите за медиумите, кој се во прекин поради доплнителни внатре партиски консултации.Најавено е дека вечерва повторно ќе се одржи заеднички состанок.
„Очигледно нема договор ситуацијата во моментов е целосно блокирана сега спроведуваме билатерални консултации со партии и на нивно на меѓунардона заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови. Очекуваме дека можеби околу 20 часот повторно ќе одржиме заеднички состанок. Но и тоа не е сигурно и ќе видиме што ќе се случува“ изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Инаку рокот за договор меѓу партиите за медимските прашања е до вечерва.Според Ванхауте доколку има волја спорните прашања меѓу партиите можат да се решат за неколку часа, а тие се однесуваат на советот на Агецијата за медиуми и програмскиот совет на МРТВ.

XS
SM
MD
LG