Достапни линкови

Вучиќ - Официјален став на Србија е да остане воено неутрална земја


Српскиот премиер, Александар Вучиќ

Српскиот премиер, Александар Вучиќ

Српскиот премиер, Александар Вучиќ денеска, на средбата со рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, рече дека официјалниот став на Србија е да остане воено неутрална земја, а покрај постигнувањето на нејзината стратешка цел - членство во ЕУ, сака да ги зачува и развива традиционалното пријателство и добрите односи со Москва.

Вучиќ и Чепурин истакнаа дека политичките односи меѓу двете држави се на високо ниво и го одразуваат традиционалното пријателство меѓу двата народа, јави српската агенција Танјуг.

Истовремено, американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скат нагласи дека договорот меѓу Србија и НАТО е „нешто најнормално“, додавајќи дека не ги разбира големите несогласувања во општеството околу тој договор.

XS
SM
MD
LG