Достапни линкови

Нема притвор за Миле Јанакиески и Едмонд Темелко


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески

Нема притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и за уште двајца осомничени во случајот „Титаник“ за изборни измами, одлучил Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Во денешното соопштение од судот се наведува дека не е прифатена жалбата на Специјалното јавно обвинителство, кое се жалеше откако судија во претходна постапка не им одреди притвор на осуммина осомничени. Оваа одлука е конечна. За другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, судот сè уште не соопшти дали и каква одлука донел.

XS
SM
MD
LG