Достапни линкови

Обама во посета на Куба наредниот месец


Американскиот претседател Барак Обама наредниот месец ќе ја посети Куба, што ќе биде прва посета на еден американски претседател на оваа карипска држава во изминатите 88 години. Во блог пост на сајтот Медиум објавен денеска, Обама вели дека тој и неговата сопруга Мишел ќе патуваат во Куба на 21 и 22 март.

„Повеќе од 50 години САД применува политика на изолирање и притисок врз Куба“, пишува Обама и додава дека американската политика кон Куба едноставно кажано не функционира и оти одамна ѝ истекол рокот.

Посетата е значителна промената во американската политика кон оваа комунистичка земја, чии односи со САД се непријателско од револуцијата предводена од Фидел Кастро во 1959 година. Сепак, администрацијата на претседателот Обама во 2014 година ги обнови дипломатските односи со Куба, одобри директен воздушен сообраќај, како и други мерки. Последен американски претседател кој ја посетил Куба е Келвин Кулиџ во 1928 година, кој на островот допатувал со воен брод.

XS
SM
MD
LG