Достапни линкови

Уште една партија ја напушти владината коалиција во Украина


Лидерот на украинската партија Самопомош, Олег Березјук

Лидерот на украинската партија Самопомош, Олег Березјук

Лидерот на украинската партија Самопомош, Олег Березјук, денеска изјави дека ја напуштаат владејачката коалиција, со што се зголемува притисокот врз премиерот Арсениј Јацењук да најде нови коалициони партнер или ризикува пад на владата. Татковинската партија на поранешната премиерка Јулија Тимошенко вчера ја напушти владејачката коалиција. Со излегувањето на овие две партии, владејачката коалиција веќе нема мнозинство во парламентот. Владата на Јацењук пред два дека го преживеа гласањето за доверба, откако претседателот Петро Порошенко го повика да си поднесе оставка, „за да се врати довербата во владата“. Јацењук вчера рече дека реконструкцијата на владејачката коалиција е од суштинско значење, додавајќи дека разговара за политичките партии, вклучително и со популистичката Радикална партија.

XS
SM
MD
LG