Достапни линкови

logo-print

Украина подготвена за судскиот процес за кредитот од Русија


Украинското Министерство за финансии денеска соопшти дека е „целосно подготвен решително да ги брани своите интереси“ против тужбата од Русија. Москва претходно најави дека поднела тужба против Украина пред Високиот суд во Лондон, откако Киев не им плати долг од три милијарди евра за еврообврзницата. Рускиот министер за финансии Антон Сиуланов вчера рече дека тие бараат враќање на целата сума, плус 75 милиони евра за неплатени камати и судски трошоци. Еврообврзницата беше издадена од владата на поранешниот претседател Виктор Јанукович на крајот на 2013 година и во целост беше купена од Русија. Русија одби да учествува во преструктуирање да украинскиот долг од 15 милијарди евра за што Украина преговара со другите доверители. Москва бара да биде третирана како самостоен доверител и бара подобар третман од приватните кредитори.

XS
SM
MD
LG