Достапни линкови

Пресудата за Караџиќ наредниот месец


Поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ

Поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија соопшти дека на 24 март ќе ја соопшти долгоочекуваната пресуда за поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Тој е обвинет за организирање на српските злосторства во Босна од 1992-1995 година. Против него има 11 обвиненија, меѓу кои и за геноцид, убиства и силување. Караџиќ цело време негира дека бил одговорен за злосторства во војната во која загинаа околу 100 илјади луѓе. Обвинителството бара доживотен затвор. Завршните зборови на судењето завршија во октомври 2014 година.

XS
SM
MD
LG