Достапни линкови

logo-print

Валенса бил соработник на полската тајна полиција


Поранешниот полски претседател Лех Валенса од времето кога беше лидер на Солидарност

Поранешниот полски претседател Лех Валенса од времето кога беше лидер на Солидарност

Полскиот институт за историја соопшти дека новооткриените документи покажуваат дека поранешниот претседател Лех Валенса работел за комунистичките тајни служби. Шефот на институтот за национално паметење Лукаш Камински денеска рече дека е пронајдено досие на тајната полиција во кое има потпишано изјава од Валенса кој се обврзува да обезбедува информации под кодното име Болек. Има страници извештаи и сметки за трошоци потпишани од Валенса. Камински изјави дека документите биле запленети оваа недела во куќата на последниот министер за внатрешни работи на Полска, Чеслав Кишчак.

Валенса го негираше ова преку објава на социјалните мрежи.

„Не може да има какви било материјали напишани од мене“, напиша тој.

Поранешниот полски претседател, кој го предводеше движењето Солидарност во 80-тите години од минатиот век и кое доведе до пад на комунизмот, ја доби Нобеловата награда за мир во 1983 година.

Валенса претходно призна дека потпишал дека се обврзува да биде информатор на полицијата, но инсистира дека никогаш не им кажал ништо. Во 2000 година, тој беше ослободен од судот кој соопшти дека не се пронајдени докази за соработка.

XS
SM
MD
LG