Достапни линкови

Шестмина турски војници загинаа во експлозија во Дијарбекир


Илустрација

Илустрација

Шестмина турски војници беа убиени во експлозија на бомба која била далечински активирана во југоисточниот турски округ Дијарбакир. Еден војник е тешко повреден, соопшти извор од безбедносните сили. Бомбата била поставена на патот Дијарбакир-Лиџе, пренесува БТА. Телевизијата НТВ информира дека бомбашкиот напад е извршен од терористи на Курдската работничка партија (ПКК). Првично беше соопштено дека експлозијата се случила при преминување на воен конвој. Бомбашкиот напад беше извршен ден по нападите со автомобил-бомба врз воени автобуси во центарот на Анкара, во кој беа убиени 28 лица.

XS
SM
MD
LG