Достапни линкови

Турција бомбардирала курдски позиции


Турција соопшти дека извршила воздушни напади врз курдски позиции во близина на нејзината граница со Ирак по вчерашниот бомбашки напад во Анкара во кој загинаа 28 луѓе. Премиерот Ахмед Давутоглу соопшти дека девет лица биле уапсени во врска со овој напад за кој го обвини вооруженото крило на Сириската курдска партија во соработка со милитантите на Курдската работничка партија во Турција. Оваа партија ги отфрли обвинувањата. Во меѓувреме, медиумите јавија дека во бомбашки напад денеска на југоистокот на Турција загинале шест турски војници.

XS
SM
MD
LG