Достапни линкови

Во Ирак украден радиоактивен материјал


Ирак ја информира Меѓународната агенција за атомска енергија дека во минатиот ноември бил украден индустриски радиограф во кој имало потенцијално смртоносни радиоактивни супстанци. Станува збор за многу опасни радиоактивни материјали што би можело да бидат искористени за таканаречена „нечиста бомба“ доколку дојдат до рацете на милитантите на Исламската држава кои контролираат делови од Ирак. Новинската агенција Ројтерс прецизира дека радиоактивната направа била сместена во заштитна кутија голема колку лаптоп и оти била украдена во близина на јужниот град Басра.

XS
SM
MD
LG