Достапни линкови

Иранските банки повторно во светскиот банкарски систем


Иранските банки почнаа повторно да се поврзуваат во меѓународниот платежен систем познат како СВИФТ. Со тоа за прв пат по четири години се воспостави преку граничен трансфер на средства. До ова дојде по повлекувањето на економските санкции во минатиот месец, односно по стапувањето во сила на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Иранските банки поврзани со Револуционерната гарда остануваат под американски санкции и банките во САД се уште забрануваат бизнис зделки со Иран.

XS
SM
MD
LG