Достапни линкови

Обама ќе ја посети Куба


Американскиот претседател Барак Обама планира историска посета на Куба. Тој ќе биде прв претседател на САД што ќе ја посети таа земја во изминативе 88 години, соопштија претставници на американската администрација. Посетата ќе биде дел од неговата турнеја по Латинска Америка во идниот месец. Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро во 2014 година објавија дека почнуваат нормализирање на односите по скоро полувековно противење меѓу двете земји. Соединетите држави планираат зголемување на бројот на комерцијалните летови за Хавана на 110 дневно, што ќе биде за пет пати повеќе од сегашните.

XS
SM
MD
LG