Достапни линкови

logo-print

Самит на ЕУ за мигрантите и за Британија


Лидерите на Европската унија на дводневниот состанок во Брисел треба да решаваат во врска со справувањето со бегалскиот бран, како и со референдумот во Британија за нејзиното членство во Унијата. Пред самитот германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека на самитот треба да биде донесена одлука дали договорот на Унијата со Турција околу беглаците ќе се спроведува или ќе биде откажан во корист на бариера по должината на грчката граница со Бугарија и Македонија. Според неа, планот Б што го предлага Вишеградската група ќе придонесе за влошување на ситуацијата. На ист став е и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Што се однесува до референдумот во Британија за нејзиното членство во ЕУ, повеќето европски лидери се изјаснија дека тоа ќе биде катастрофа за иднината на Унијата.

XS
SM
MD
LG