Достапни линкови

logo-print

Во бомбашкиот напад во Анкара загинаа 28 луѓе


Во вчерашната експлозија во турскиот главен град Анкара загинаа 28 луѓе, додека 61 беа повредени. Експлозијата се случи во близина на зградите на воениот штаб и на парламентот. Гувернерот Мехмед Киличлар изјави дека цел на нападот бил конвојот автобуси во кои имало воен персонал. Премиерот Ахмед Давутоглу го откажа патувањето за Брисел и учествуваше на итниот состанок што го закажа претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата им забрани на турските медиуми да емитуваат или да објавуваат снимки и фотографии од местото на експлозијата. Постојат неколку групи за кои има сомневање дека го извршиле нападот како курдските милитанти, радикалните левичари и исламските радикали кои во изминативе години изведувале исти акции. САД, НАТО и Германија го осудија нападот и изразија солидарност на Турција.

XS
SM
MD
LG