Достапни линкови

Најмалку петмина загинати во терористички напад во Анкара


Најмалку пет луѓе загинаа, а десетина се повредени во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Анкара, јавуваат локални медиуми повикувајќи се на градски и полициски претставници. Според првични информации, експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој, Омер Челик, на Твитер објави дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата и на Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени, а на местото на нападот има голем број амбулантни возила, јави локалната НТВ.

Во терористички бомбашки напад во Анкара минатата година загинаа повеќе од 100 луѓе.

XS
SM
MD
LG