Достапни линкови

logo-print

Масовен антивладин протест во Приштина


Косовската обединета опозиција денеска одржа масовен антивладин протест во Приштина, кој споредено со претходно одржаните мина релативно мирно. Според организаторот, на протестот присуствувале над 100 илјади граѓани. Пред насобраните се обратија функционери и пратените од опозициските политички субјекти - движењето „Самоопределување“, Алијансата за иднинана на Косово и Иницијативата за Косово. Тие бараат предвремени парламентарни избори. Опозицијата се противи на формирање Заедница на српски општини и на демаркација на границата со Црна Гора.

Поради големи нереди кои беа предизвикани на претходните протести, денешниот беше обезбедуван од големи полициски сили.

XS
SM
MD
LG