Достапни линкови

Обвинителството бара одземање на пасошот на сопругот на Шеќеринска


Божидар Јанковски, директор на Дајнерс Македонија и сопруг на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска

Божидар Јанковски, директор на Дајнерс Македонија и сопруг на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска

Скопското обвинителство денеска поведе постапка против Божидар Јанковски, сопруг на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Обвинителството побарало мерки на претпазливост за Јанковски, и тоа привремено одземање на пасошот и обврска за повремено јавување во суд, соопштува обвинителството. Тој се сомничи дека како директор на Дајнерс Македонија, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, сам од себе изнајмувал станови.

Опозицискиот СДСМ реагира дека Основното јавно обвинителство Скопје потврдило дека работи по нарачка на власта и оти не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело. Во соопштението од СДСМ се наведува и дека првично овој случај бил покренат откако Шеќеринска го обелоденила случајот со, како што се вели, скриениот имот на Сашо Мијалков, а оти сега се повторува по нејзиното интервју за Канал 5.

XS
SM
MD
LG