Достапни линкови

Нема мигрантски кампови во Македонија


Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија

Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија

Либерално-демократската партија прашува дали власта прифатила да се отворат бегалски кампови во државата, имајќи ја предвид вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов, со која побара „гаранција од ЕУ за политичка, безбедносна и економска поддршка“. Тие јавно го прашуваат претседателот Иванов дали со одобрувањето финансиски средства од ЕУ би се согласил во Македонија да никнат бегалски кампови.

Кабинетот на Иванов ги демантира шпекулациите дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови. На територијата на Македонија ќе има само два транзитни центри, на југот за 1.500 бегалци и на север за 500 бегалци, изјави Ивица Боцевски, посебен советник во кабинетот на претседателот Иванов, кој ги демантираше, како што наведе, лагите и невистините изнесени во денешното соопштение на ЛДП.

XS
SM
MD
LG