Достапни линкови

Меркел – Соработка со Турција или блокада на македонско-грчката граница


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека на дводневната средба во Брисел европските лидери ќе решат дали зделката меѓу ЕУ и Турција за спречување на мигрантскиот прилив треба да продолжи или да биде прекината, поставувајќи блокада долж грчката граница со Бугарија и со Македонија. Меркел истакна дека ќе побара од останатите европски лидери да работат заедно со Турција за намалување на бегалскиот бран.

„Наша цел е драстично и трајно да се намали бројот на мигрантите, со цел да им се помогне на оние кои реално имаат потреба од наша помош“, нагласи германската канцеларка.

Според неа, би било смешно да се зборува за воведување нови квоти за распределба на мигранти меѓу земјите членки на Унијата, кога не биле почитувани претходните договорени квоти.

XS
SM
MD
LG