Достапни линкови

УЕФА покрена постапка за маица со ликот на Путин


Дисциплинската комисија на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покрена постапка против фудбалерот на Локомотив Москва, Дмитри Тарасов, поради носење маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин за време на натпреварот со Фенербахче. По мечот во Истанбул, Тарасов го соблече дресот и остана по маица со апликација на ликот на Путин. Според правилата на УЕФА, на играчите строго им се забранува да истакнуваат политички или религиозни пароли или фотографии. Дисциплинската комисија на УЕФА за овој случај ќе заседава на 17 март. Натпреварот од 1/16 финалето во Лига Европа меѓу Фенербахче и Локомотив Москва го доби турскиот тим со 2:0.

XS
SM
MD
LG