Достапни линкови

Ердоган – Нема да дозволиме курдско упориште во северна Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да дозволи создавање на курдско упориште во северна Сирија и оти намера да ги прекине нападите врз групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот. Тој рече дека САД треба да одлучат дали ја поддржуваат Турција или курдските бунтовници. Турција ги смета Силите за заштита на народот и нивното политичко крило - Демократската унија, за терористички организации поврзани со Курдската работничка партија. Тој изјави и дека игнорирањето на поврзаноста меѓу сириските Курди и курдските бунтовници во Турција претставува „непријателски акт“. Курдските борци во Сирија, кои имаат поддршка од САД; ја искористија офанзивата на сириските владини сили на северот на земјата за да ја прошират територијата под нивна контрола во близина на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG