Достапни линкови

Орбан повика на подобрување на односите меѓу Русија и Европа


Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на подобрување на односите меѓу Русија и Европа. За време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, Орбан рече дека подобрувањето на односите им одговара на унгарските интереси. Кремљ соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за продлабочување на соработката во трговијата, технологијата, енергијата, културата и хуманитарните области. Путин се надева дека ќе ги искористи поделбите во ЕУ за санкциите кон Москва и дека ќе ги унапредува односите со европските држави како Унгарија, кои сакаат да ги задржат економските врски со нивниот трговски партнер од советско време.

XS
SM
MD
LG