Достапни линкови

logo-print

Протест за ослободување на поранешниот премиер на Казахстан


Повеќе од десетина луѓе денеска ја блокираа главната улица во главниот град на Казахстан, Астана, барајќи итно ослободување на поранешниот премиер Серик Ахметов од затвор. Тие носеа голем транспарент на кој пишува „Бараме правда“. Полицијата ги растури протестите и ги приведе демонстрантите. Протестот траеше десетина минути и создаде метеж во сообраќајот. Поранешниот премиер Ахметов беше затворен во декември. Тој е осуден на 10 години затвор за корупција. Ахметов рече дека не е виновен и побара од претседателот Нурсултан Назарбаев да му прости за „невниманието што доведе до корупција“ во неговиот роден регион Караганди. Тој беше премиер од 2012 до 2014 година.

XS
SM
MD
LG