Достапни линкови

logo-print

Тимошенко излезе од владината коалиција во Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко

Татковинската партија на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска се повлече од владината коалиција, оценувајќи дека тоа е „клановска коалиција која ја донесе земјата до работ на пропаст“. Таа ги повика и другите пратеници да излезат од коалицијата. Пратеници од нејзината и од партијата Самопомош вчера ја бојкотираа собраниската седница за гласање доверба на премиерот Арсениј Јацењук. Самопомош вчера оцени дека се работи за „цинично соборување на владата“ и го обвини претседателот Петро Порошенко дека стои зад тоа. Јацењук вчера го преживеа гласањето за доверба, само неколку часа откако претседателот Порошенко го повика да поднесе оставка „за да се врати довербата во владата“.

XS
SM
MD
LG