Достапни линкови

Иран - Нелогично е да го замрзнеме производството на нафта


Иран смета дека е нелогично да го прифати предложеното замрзнување на производството на нафта. Претставникот на Иран во ОПЕК, Мехди Асали, за иранскиот весник Шарг рекол дека Техеран ќе продолжи да го зголемува производството сè додека не го достигне нивото од пред санкциите. Министерот за нафта на Венецуела денеска треба да одржи разговори во Техеран за постигнување договор со Ирак и со Иран. Саудиска Арабија и Русија, двата најголеми производители на сурова нафта во светот, вчера се согласија да го замрзнат производството на нивото на јануари поради преголемата понуда на светските пазари. Катар, Венецуела и Кувајт исто така се обврзаа на замрзнување на производството. Иран, пак, по минатомесечното укинување на меѓународните санкции, најави дека планира да го удвои производството на нафта за да го врати својот удел во пазарот. Ирак, кој веќе го зголеми производството до рекордно ниво, можеби би бил поотворен за запирање на понатамошниот раст.

XS
SM
MD
LG