Достапни линкови

Парите од ИПА да не се трошат непотребно


Евро амбасадорот Аиво Орав изјави дека ЕУ фондовите со кои се стимулираат реформите треба да бидат искористени за вистински приоритети, а не да се трошат пари за непотребни работи.

Во рамките на ИПА 2007-2013 од вкупно 614,7 милиони евра, искористеноста е 61,8 проценти, беше соопштено на прес конференцијата за спроведување на ИPA статусот што се одржа во Секрeтаријатот за европски прашања. Евро амбасадорот Аиво Орав изјави дека ЕУ фондовите со кои се стимулираат реформите треба да бидат искористени за вистински приоритети, а не да се трошат пари за непотребни работи.

Мора да се подобри склучувањето на договорите. Лани за државата загубата е 44 милиони евра од овие фондови, ако земаме предвид дека некои претходни држави акумулирале 90 проценти од вкупните ИПА средства.

„Мора да се подобри склучувањето на договорите. Лани за државата загубата е 44 милиони евра од овие фондови, ако земаме предвид дека некои претходни држави акумулирале 90 проценти од вкупните ИПА средства“, вели Орав.

Тој дополни дека подготвеноста на институциите е главен фактор за прогрес во трошењето на парите и оцени дека имаме институции кои се со ограничен персонал во однос на квалитетот и квантитетот. Со овие средства ќе продолжи зајакнувањето на институциите, конкуренцијата, инфраструктурата, со што ќе се подобрат резултатите на долгорочен план, истакна Орав.

Инаку бројот на вработени во ИПА структурите е 360 лица.

Вицепремиерот Фатмир Бесими изјави дека од вкупно 614 милиони евра, остануваат да се искористат уште 97 милиони евра до крајот на 2017 година, а дека досега се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. Досега се реализирани 2.600 проекти на државно и на локално ниво. Со ИПА1 беа опфатени проекти за зајакнување на институционалните капацитети, за зајакнување и за градење на децентрализиран систем, реализација на приоритетите на Владата за проширување и за евроинтеграција, изјави Бесими.

„За илустрација во 2013 година степенот на искористеност изнесувал 34,2 отсто, во 2014 година –45,8 отсто, а во 2015 година – 61,8 отсто“, вели Бесими.

Со ИПА2 за 2014-2020 година се планирани 645 милиони евра, а ќе бидат опфатени осум сектори како владеење на правото, социјала, транспорт, животна средина, и друго.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG