Достапни линкови

logo-print

Партиските групи ги продолжуваат разговорите за медиумите


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии со посредство на Питер Ванхауте ќе продолжат денеска во 14 часот во Клубот на пратениците во Скопје.

Ванхауте пред вчерашната средба со партиските претставници изјави дека не е преголем оптимист, но оти може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни. Земени се предвид, како што рече, сите предлози на здруженијата на новинарите, асоцијациите и партиите. Тој рече дека е свесен дека нема многу време за договор, но оти се надева на решение.

На синоќешната рунда разговори присуствувале и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

XS
SM
MD
LG