Достапни линкови

Обама: примирјето тест за намерите на Русија во Сирија


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека предложеното примирје во Сирија што треба да почне оваа недела ќе биде тест за намерите на Москва во Сирија. „Силите на претседателот Башар ал Асад, поддржани од руските воздушни напади, можеби постигнале некаков напредок, но три четвртини од земјата и натаму не е под нивна контрола“, изјави Обама по самитот на Источна Азија што се одржа во Калифорнија. Според Обама, на рускиот претседател Владимир Путин ќе му биде попаметно да помогне во постигнување мировен договор и политичка транзиција во Сирија.

XS
SM
MD
LG