Достапни линкови

logo-print

Меркел: договорот со Турција, решение за бегалската криза


Германскиот канцелар Ангела Меркел оцени дека договорот меѓу ЕУ и Турција е најдобриот начин за решавање на бегалската криза. Таа пред клучниот самит на Европската унија утре и задутре во Брисел го отфрли предлогот на Вишеградската група што ја сочинуваат Чешка, Полска, Унгарија и Словачка, за затворање на таканаречената балканска рута кон Европа на границата меѓу Грција, Македонија и Бугарија. Против овој предлог се изјасни и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до повторна фрагментација на Европа. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера во Атина изјави дека исклучувањето на Грција од Шенген зоната нема да и стави крај на војната во Сирија или пак да ја намали заинтересираноста на бегалците да доаѓаат во Европа.

XS
SM
MD
LG