Достапни линкови

Судот задутре ќе одлучи за жалбите за притворите за „Титаник“


Попладнево до Кривичниот совет доставени се сите жалби на Специјалното јавно обвинителство во врска со решенијата на судија на претходна постапка да не додели мерка притвор на осумтемина осомничени во предметот „Титаник“. Кривичниот суд најави дека ќе одлучи за жалбите во рок од 48 часа. Меѓу осомничените за кои беше побаран притвор се и поранешните министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и поранешниот секретар на владата Кирил Божиновски, како и за градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко. Тие се осомничени за изборни измами.

XS
SM
MD
LG