Достапни линкови

logo-print

Косовската полиција уапси уште еден член на „Самоопределување“


Косовската полиција денеска го уапси пратеникот во Собранието на Косово од редовите на опозициското движење „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, јави Танјуг. Тој е вториот уапсен истакнат член на „Самоопределување“ во последниве 24 часа, откако полицијата вчера го лиши од слобода и портпаролот на движењето Фрашер Красниќи. Тие двајца и уште 25 други лица се обвинети дека пред шест години оштетиле возило на Мисијата на ЕУЛЕКС паркирано во центарот на Приштина.

„Самоопредечување“ синоќа оцени дека полицијата го уапсила Красниќи со цел да ги наруши плановите за одржување на утрешниот опозициски митинг во Приштина, кој се организира на осмата годишнина од прогласувањето на независноста на Косово, во знак на протест против формирањето на Заедницата на српските општини, како и против Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Во пресрет на утрешниот опозициски митинг, косовската полиција соопшти дека располага со информации за „можно насилство и за ризици по безбедноста на собирот, кои не исклучуваат и употреба на огнено оружје“.

XS
SM
MD
LG