Достапни линкови

logo-print

Турција сака меѓународна копнена интервенција во Сирија


Турција соопшти дека сака заедничка копнена воена операција со меѓународните сојузници во Сирија. Нема да има еднострана воена операција од Турција во Сирија, им кажа денеска висок турски претставник на новинарите во Истанбул.

„Ние сакаме копнена операција. Ако се постигне консензус, Турција ќе учествува“, рече тој, додавајќи дека војната во Сирија е невозможно да прекине без копнена операција.

Сириската армија, со поддршка на руските воздушни сили се приближи до границата со Турција, а курдските борци го засилија своето присуство.

XS
SM
MD
LG