Достапни линкови

Порошенко побара оставка од украинскиот премиер


Украинскиот претседател Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук

Украинскиот претседател Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара оставки од премиерот Арсениј Јацењук и јавниот обвинител Виктор Шокин, во насока на враќање на довербата во владата.

Јацењук денеска се соочува со гласање недоверба на неговата влада. Пред неколку часа неговите коалициони партнери од партијата на претседателот Порошенко најавија дека ќе гласаат дека работата на владата е „незадоволителна“. Тоа ја зголемува веројатноста за пад на владата на Јацењук со што се отвора простор за нови коалициски разговори или предвремени парламентарни избори. Другите коалициски партнери, Татковинската партија на Јулија Тимошенко и Партијата на самостојност на градоначалникот на Лвов Андриј Садовиј, испратија сигнали дека би можеле да гласаат против владата.

Украинските медиуми пред малку објавија дека јавниот обвинител Шокин веќе поднел оставка.

XS
SM
MD
LG