Достапни линкови

Нема заеднички патроли на грчки и турски бродови


Во никoј случај нема да има заеднички патроли на грчки и турски бродови врз основа на договорот за присуство на бродови на НАТО во Егејското Море, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

„Турците ќе ги имаат бродовите на НАТО кои ќе ги известуваат. Ако Турција не ги запре, тогаш овие луѓе ќе се враќаат назад со одговорност на НАТО“, рече Каменос во интервју за телевизијата „Стар“.

Според него, договорот со НАТО нема да влијае на грчко-турските односи.

Тој додаде дека командите на силите на НАТО ќе бидат назначени од страна на земјите-членки на Алијансата, со исклучок на Грција и Турција, „поради очигледни причини“.

XS
SM
MD
LG