Достапни линкови

logo-print

Камерон на разговори за реформи на ЕУ во Брисел


Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во Брисел

Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во Брисел

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска е на разговори во Брисел, со надеж дека ќе добие поддршка за неговите барања за реформи во Унијата. Камерон се сретна со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој рече дека му дал гаранции на премиерот дека веднаш штом биде постигнат договор од лидерите на ЕУ, парламентот ќе почне со процесот на донесување на законите што е можно поскоро, но оти не може да го гарантира исходот на гласањето. Камерон исто така се среќава со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој рече дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не е опција. Камерон вели дека реформите ќе му овозможат да води кампања за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот што треба да се одржи на крајот на 2017 година.

XS
SM
MD
LG