Достапни линкови

Шест турски авиони го повредиле воздушниот простор на Грција


Илустрација

Илустрација

Грчките власти денеска соопштија дека шест турски авиони-ловци и еден морнарички извидувачки авион 22 пати навлегле и го прекршиле грчкиот воздушен простор над Егејско Море. Од овие 22 прекршувања, дури 19 повреди на воздушниот простор ги извршил турски извидувачки авион „ЦН-235“, што летал над остров во источниот и централниот дел на Егејско Море, пренесе грчката агенција АНА-МПА. Во сите инциденти, турските авиони биле забележени и пресретнати од грчки ловци. Два од турските авиони била вооружени. Грција полага право на 10 милји од воздушниот простор околу своите острови, а Турција признава само шест милји и спорниот дел го смета за меѓународна зона во која испраќа свои борбени авиони.

XS
SM
MD
LG