Достапни линкови

logo-print

Хан: Изборите зависат од извештајот на ОБСЕ и на ДИК


Предвремените парламентарни избори на 24 април зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија за тоа дали се обезбедени условите за нивно одржување, изјави еврокомесарот Јоханес Хан, пренесува МИА. Хан денеска одбил да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Македонија. Посетата претходно беше најавена за средината на февруари.

„Имавме договор од јуни/јули минатата година и дел од овој договор е одржувањето на предвремени избори. Но, не можам да ви дадам одговор во моментов. Зависи од исходот на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, што е нивната оценка за зрелоста за подготовка на изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука“, истакна Хан во изјава за МИА.

XS
SM
MD
LG