Достапни линкови

logo-print

Нема притвори, но постапката за „Титаник“ продолжува


Оние кои креираа сценарија за спектакуларни апсења, сега гледаат како изгледа кога ќе бидат во ситуација против нив да се води постапка. Потребно е ефикасно спроведување на истрагите без попречување и без влијание на сведоци.

Основниот суд Скопје 1 не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерка притвор и за останатите осомничени за изборни измами во случајот „Титаник“ . На распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и корупција при судот вчера се појави и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Доколку биде успешна, доколку обезбедат докази во текот на истрагата ќе се подготват обвиненија и тоа е тоа. Значи фактот што не е определена мерка притвор не мора да значи дека постапката запира.

Претходно Судот го одби барањето за изрекување на мерка притвор и за поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески. Судот им одреди алтернативни мерки на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и на членот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури. Темелко треба да се јавува во Судот во Ресен, а на Гури му беа одредени мерки за претпазливост со кои му е забрането да остварува контакт со одредени лица. Адвокатот Драган Малиновски вели дека она што следува е продолжување на истражната постапка од страна на Специјалното јавно обвинителство за случајот и обезбедувањето на докази.

„Доколку биде успешна, доколку обезбедат докази во текот на истрагата ќе се подготват обвиненија и тоа е тоа. Значи фактот што не е определена мерка притвор не мора да значи дека постапката запира“, вели Малиновски.

За разлика од порано кога се правеа спектакли од носењето на осомничените во судовите кои беа интересни за јавноста, сега се забележува поинаква пракса, која според Малиновски била перформанс спроведен од обвинителството и министерството за внатрешни работи. Тој истакнува дека нема забелешки што нема спектакли, но сега се забележува еден поинаков начин на менаџирање на кривичните предмети.

„Значи не е замерката упатена можеби за сега што немаше спектакли. Овој начин го ставаме за периодот претходно што се работеше. Сега констатираме дека некои што тогаш ги креираа сценаријата на спектакуларни апсења сега гледаат како изгледа кога ќе бидат во ситуација против нив да се води постапка и гледаат дека е непријатно и што значи уривање на пресумпција на невиност и достоинство на луѓе. Меѓутоа она што не смее да биде премет на компромис е тоа дека треба за овие постапки да се обезбеди ефикасно спроведување на истрагите без попречување и без влијание врз сведоци.

Откако ќе се обезбедат услови за квалитетно и непречено спроведување на истрагата, дали потоа ќе има основа за обвинение, според Малиновски ќе се види откако таа ќе заврши. Некои од експертите предлагаат и формирање на Специјален суд, бидејќи само на тој начин според нив навистина ќе се расветлат и решат случаите на кои работи Специјалното јавно обвинителство.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG